Кошарка
12. јуни 2016 - 21:50

НБА финале: Грин еден натпревар на „ладење“

Играчот на Голден Стејт Дрејмон Грин заработи суспензија од еден натпревар нема да игра на натпреварот број 5 од финалето против Кливленд што се игра утре вечер на теренот на Голден Стејт.

Играчот на шампионот за инцидентот со Леброн Џејмс доби ТГ (флагрант 1) што му е четврта во плеј офот што автоматски значи суспензија.
Грин во финалето на Запад го удри во меѓуножјето играчот на Оклахома Сити, но не доби казна.