Џет-Сет
21. March 2019 - 22:11

НБА ѕвездата во шок од трагедија во семејството: Полубратот на Кевин Дурант убиен на 32. роденден

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс Кевин Дурант ја погоди трагедија.

Дурантови полубрат Клиф Диксон (32) е убиен.

Клиф го славел роденденот во клуб во Атланта, а кога излегол околу еден час по полноќ, непознат напаѓач го убил со истрели од пиштол.

Истрагата е во тек.

Клиф Диксон се занимавал со хип-хоп музика.

Кевин и Клиф биле многу блиски. Тие двајцата заедно пораснале во Мериленд, а силна врска одржувале до смртта на Диксон.