Кошарка
25. October 2018 - 11:56

НБА: Џејмс се израдува на првата победа со Лејкерси

ЛА Лејкерс ја запишаа првата победа во ерата на Леброн Џејмс. Лејкерс, по трите порази, Лејкерс го совладаа Феникс Санс 131:113. Без Режон Рондо и Брендон Инграм кои се суспендирани, покрај Леброн Џејмс се истакна и Ленс Стивенсон.

Леброн против феникс постигна 19 поени (7/16 од игра), а имаше уште 10 скока, осум асистенции и три украдени топки. Најефикасен беше Стивенсон со 23 поени и по осум скока и асистенции, додека Џавал Мекги постигна 20 поени.

Феникс го предводеше Девин Букер со 23 поени и по седум скока и асистенции, а првиот пик од драфтот Диандре Ејтон забележа дабл-дабл од 22 поени и 11 скока.