НБА: Џејмс дебитираше со пораз во дресот на Лејкерси
Портланд трејлблејзерс забележа победа во првиот меч што го одиграа во новата НБА-сезона. Портланд славеше во дуелот со ЛА Лејкерс 128:119.
Леброн Џејмс го имаше дебито на официјален меч за Лејкерс и одлично влезе во дуелот. Тој ги раздвижи соиграчите во првиот период кои стигнаа до предност од 10 поени. Портланд успеа да се врати во мечот и првиот период да го заврши со позитива 34:31.
Моментумот од финишот на првата четвртина домашните го префрлија и во втората кога стигнаа до двоцифрена предност, но овој пат Лејкерси беа тие што се вратија во натпреварот.
Третата четвртина мина во израмнета, а во решавачкиот период разликата ја направија Демијан Лилард и Ник Стаускас, додека конечниот удар на Лејкерс им го зададе Си-Џеј Мекалум.
На крајот на Лејкерси не им помогна „дабл-дабл“ ефектот на Леброн Џејмс (26 поени, 12 скока). Портланд го предводеа Лилард со 28 поени, четири помалку уфрли Стаускас, а Мекалум постигна 21 кош.
Ново на Сител
-
Како реагира православниот свет за одлуката на СПЦ за МПЦ-ОА?
-
Молебен на гробот на Свети Кирил во Рим - Веста од СПЦ ја израдува македонската делегација во Рим
-
Одлуката на СПЦ пресвртница во односите со МПЦ-ОА, во Tема на денот гостин Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Богословскиот факултет
-
Историски ден - СПЦ ја одобри и благослови автокефалноста за МПЦ-ОА
-
Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ
-
Молебен на гробот на Свети Кирил во Рим – Веста од СПЦ ја израдува македонската делегација во Рим
-
Претседателот Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос
-
Ќе ги укине ли државата ПЦР тестовите за оперативни зафати?