Кошарка
20. March 2018 - 9:57

НБА двобој Леброн-Адетукомбо и победа на Кливленд

https://

Фановите на Кливленд и Милвоки ноќеска уживаа во двобојот помеѓу Леброн Џејмс и Јанис Адетукомбо кој на крајот заврши со победа на Кавалисрс од 124:117.

Џејмс доминираше во екипата во чии редови Лав се врати со 18 поени, а уште четворица постигнаа двоцифрен број на поени.

„Кралот Џејмс“ натпреварот го заврши со 40 поени, 12 скока и 10 асистенции, што е негов 16.трипл-дабл во сезноната, вкупно 71. во кариерата.

Кај Милвоки се истакнаа Адетокумбо со 37 поени и 11 скока, односно Мидлтон со 30 поени.