Кошарка
12. February 2017 - 10:52

НБА: Дурент блесна во Оклахома

Кошаркарите на Голден Стејт однесоа убедлива победа на гостувањето во Оклахома каде славеа со 130-114.

Главна ѕвезда на вечерта беше Кевин Дурент со 32 поени. Неговиот кам-бек во градот каде што имаше одлични сезони беше пречекан со овации но и со свирежи.
Кај домашните одлична партија повторно на Расел Вестбрук но неговите 47 поени беа недоволни за успех.