Кошарка
11. January 2017 - 10:14

НБА: Детроит загуби во Сакраменто

https://

Кошаркарите на Сакраменто го совладаа Детороит со 100-94 во еден од поинтересните дуели во НБА лигата. 

Пистонс добро го започнаа мечот но во вториот дел не можеа да му се спротистават на разиграниот Демаркус Казинс кој со 24 поени, 13 скока и 6 асистенции ги однесе „кралевите“ до триумф. 
Кај гостите се истакна Колдвел Поуп со 19 поени а 10 минути одигра и српскиот центар Бобан Марјановиќ кој го заврши мечот со 8 поени и 4 скока.