Кошарка
19. December 2016 - 9:53

НБА: Данкан официјално во пензија, Сан Антонио го повлече дресот 21

По без малку две децении минати во Сан Антонио, Тим Данкан влегува во историјата клубот, кој како благодарност до својата легенда одлучи да го повлече дресот со бројот 21. За 19-те години поминати во Сан Антонио, Данкан освои пет шампионски титули и две МВП признанија, три НБА МВП признанија, 15 пати учество на „Ол стар“ и едно МВП на „Ол стар“ натпреварите.
 
Играчите на Сан Антонио, во чест на својот некогашен соиграч, на дуелот против Њу Орлеанс носеа чорапи со бројот 21 и му ја посветија 22-та победа оваа сезона.
 
Резултати:
Вашингтон – ЛА Клиперс 117:110, 
Далас – Сакраменто 99:79, 
Мемфис – Јута 73:82, 
Мајами – Бостон 95:105,
Орландо – Торонто 79:109,
Филаделфија – Бруклин 108:107,
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:100.
 
Пласман Источна конференција: Кливленд 19-6 (победи – порази), Торонто 19-8, Бостон 15-12, Шарлот 15-13, Милвоки 13-12, Њујорк 14-13, Индијана 14-14, Чикаго 13-13,...
 
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 24-4, Сан Антонио 22-5, Хјустон 21-7, ЛА Клиперс 20-8, Јута 18-10, Мемфис 18-11, Оклахома Сити 16-11,...