Кошарка
23. December 2019 - 11:09

НБА: Далас „прокоцка“ 30 поени и загуби во Торонто

Кошаркарите на Торонто, Милвоки, Бостон и Оклахома забележаа победи изминатата ноќ во НБА лигата.

Актуелните шампиони Торонто Репторс на импресивен начин славеа над Далас Маверикс 110:107. Репторс победија иако во еден дел од третата четвртина Далас имаа предност од 55:85.

Репторс одиграа фуриозна последна четвртина која ја добија со 47:21.

Кајл Лаури ги предводеше Репторс со 32 поени, осум скока и десет асистенции. Кај Далас се истакна Кристапс Прозингинс со 19 поени и 12 скока.

Бостон Селтикс немаа никакви проблеми во пресметката со Шарлот Хорнетс 119:93. Џејсон Тејтум го одигра мечот на кариерата, постигна 39 поени на кои придодаде 12 скока, Кемба Вокер постигна 23, а Џејлен Браун 16 поени.

Лесна и убедлива победа забележаа Милвоки Бакс против Индијана Пејсерс (117:89). Јанис Адетокумбо беше на чекор до трипл-дабл (19 поени, 19 скока, девет асистенции), а по 17 поени постигнаа Брук Лопез и Џорџ Хил.

Кај Индијана Домантас Сабонис доминираше со 19 поени и 18 скока.

ЛА Клиперс беа Каваи Ленард не успеаја да и се спротивстават на Оклахома. Тандер победија 118:112 благодарение на Шеј Гилџус-Александер (32 поени) и Денис Шрудер (28 поени). Пол Џорџ против својот поранешен тим постигна 18 поени, колку што постигна и Монтрезл Херел.