Кошарка
1. January 2019 - 16:31

НБА: Далас немоќен во Оклахома

Расел Вестбрук имаше 32 поени, 11 скока и 11 асистенции за Оклахома сити тандер да стигне до „одмазничка“ 122:102 победа над Далас маверикс, на кои не им помогнаа ниту 17-те поени на супер-рукито Лука Дончиќ.

Пол Џорџ додаде 22 поени, а Грент имаше 16 за Тандер да се одмаздат за 105:103 поразот во Далас во неделата, кога пропуштија предност од шест поени во последната четвртина.

Далас не водеше во ниту еден момент, за да го комплетираат својот мизерен учинок на гости оваа сезона (2-16 во споредба со 15-3 на домашен терен). Херисон Барнс ги предводеше Маверикс со 25 поени со дури седум тројки од девет обиди, а Лука Дончиќ имаше 17 поени.