НБА: Далас без Дончиќ ја прекина серијата на Милвоки
Далас маверикс победи во Милвоки, 120:116. Во отсуство на Лука Дончиќ, Маверикси ги предводеа Кристапс Прозингинс и Сет Кари. Изминатата ноќ победи во НБА-лигата забележаа Торонто, Вашингтон, Хјустон, Оклахома и Мемфис.
Далас првата четвртина во Милвоки ја доби со 14 поени (36:22), а на полувреме Маверикс имаше три поени предност. Во третата четвртина Кари им ја врати на Маверикси двоцифрената предност. Милвоки се обиде во последниот период, но нивниот налет го одби Прозингинс со две тројки.
Летонецот Прозингинс го предводеше Далас со 26 поени и 12 скока, а ист број поени постигна Кари. Милвоки не успеа да го избегне поразот и покрај тоа што Јанис Адетокумбо забележа 48 поени и 14 скока.
Дербито на Тексас им припадна на Хјустон рокетси. Тие остварија неверојатен пресврт против Сан Антонио и победија, 109:107. На полувреме Сан Антонио имаше предност од 19 поени, но Рокетси успеаја во второто полувреме да ја стигнат и престигнат таа разлика.
Расел Вестбрук постигна 31, а Џејмс Харден 28 поени за Хјустон.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот