Кошарка
18. November 2016 - 8:26

НБА: Чикаго славеше на теренот на Јута

Екипата на Чикаго е единствената која ноќеска оствари победа на како гостин на петте натпревари од НБА лигата. „Биковите“ натпреварот го решија во третата четвртина, која ја добија со десет поени разлика (25:15), а најпрецизен на дуелот беше Џими Батлер со 20 поени.
Џејмс Харден беше предводник за нова победа за Хјустон во дуелот со Портланд, а дуелот го заврши со „трипл-дабл“: 26 поени, 12 скока и 14 асистенции.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Јута – Чикаго 77:85,
Вашингтон – Њујорк 119:112,
Мајами – Милвоки 96:73,
Хјустон – Портланд 126:109 и
Минесота – Филаделфија 110:86.
Пласман Источна конференција: Атланта 9-2 (победи-порази), Кливленд 9-2, Шарлот 7-3, Чикаго 8-4, Торонто 7-4, Бостон 6-5, Детроит 6-6, Индијана 6-6,...
Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 10-2, Голден Стејт 9-2, Сан Антонио 9-3, Оклахома Сити 7-5, ЛА Лејкерс 7-5, Хјустон 7-5, Мемфис 6-5, Портланд 7-6, Јута 7-6,...