Кошарка
31. October 2017 - 10:03

НБА: Бостон ја прекина серијата порази од Сан Антонио

Кошаркарите на Бостон ноќеска остварија победа во дуелот со Сан Антонио и со тоа ја прекинаа серијата од 11 порази од овој ривал.  Кајри Ирвинг со 24 поени беше најефикасниот на дуелот.  За разлика од нив ЛА Клиперс претрпе пораз од првакот Голден Стејт, со што продолжи серијата на Г.Стејт од 12 победи во низа. Стеф Кари реализираше 31 поен. 
Орландо се наоѓа во водечката тројка на Исток со скор 5-2 (Бостон и Детроит) и оваа екипа има најдобар почеток на сезоната од 2011/12. Ноќеска го победи Њу Орлеанс на гости.
Одличен натпревар и победа против Хјустон постигна Филаделфија со шут од игра 55% и 27 асистенции. Хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ реализираше 14 поени со 6 скокови.
Белег на вечерта се и 38-те поени на летонскиот репрезентативец Порзингис за Њујорк во дуелот со Денвер што за него се рекордни во кариерата.
 
Резултати: 
Бостон - Сан Антонио 108:94,
Мајами - Минесота 122.125 (продолжение),
Њујорк - Денвер 116:110,
Хјустон - Филаделфија 107:115,
Мемфис - Шарлот 99:104,
Њу Орлеанс - Орландо 99:115,
Јута - Далас 104:89,
Портланд - Торонто 85:99,
ЛА Клиперс - Голден Стејт 113:141.