-->
-->
НБА: Блесок на Зајон во дресот на Њу Орлеанс
-->
Њу Орлеанс со рекодот на кариерата на Зајон Вилијамсон ги победија Портланд, Џејмс Харден постигна 42 поени против Бостон, а Филаделфија го добија дербито со Лос Анџелес Клиперс.
Њу Орлеанс Пеликанс ги декласираа Портланд Трејлблејзерс со 138:117 и сега се наоѓаат на четири победи од местата што водат во разигрувањето. Пеликанс го забележаат третиот триумф на последните четири натпревари.
Мечот го обележа првиот пик од драфтот Зајон Вилијамсон кој постигна рекордни во кариерата 31 поен. Младиот играч доби поддршка од Џеј Џеј Редик (20 поени), Џош Харт (17 поени).
Филалделфија успеа да го добие дербито со ЛА Клиперс 110:103. Ова беше трета победа на последните три натпревари за Филалдлефија, додека Клиперс на последните три меча имаат само една победа.
Филалделфија ја предводеа Камерунецот Џоел Ембид (26 поени и девет скока) и Австралиецот Бен Симонс (26 поени, 12 скока и 10 асистенции).
Кај Клиперс се истакна само Каваи Ленард (30 поени), додека целосно потфрли Пол Џорџ (11 поени, 12 скока).
Џејмс Харден не дозволи Бостон Селтикс да слават победа над Хјустон. Рокетс славеа со 116:105. Хјуатон го предводеа Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Овие двајца се првите играчи во историјата на Хјусотн што на еден меч постигнал 35+ поени.
Харден заврши на крајот со 42 поени, осум скока и седум асистенции, додека Вестбрук забележа 36 поени, 10 скока и пет асистенции.
На спротивната страна Гордон Хејворд реализра 20, а Џејлен Браун 19 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела