Кошарка
25. October 2018 - 11:52

НБА: Блесок и 50-ка за Кари

Кари шести пат во кариерата постигнал 50 или повеќе поени, односно пва ми беше 31.натпревар во НБА лигата на кој што реализирал 40+ кошеви.Блескавата вечер тој ја најави во првата четвртина кога постигна половина од поените на Голден стејт. Четвртината заврши со 46:27.

Еден од најдобрите шутери во историјата на лигата, постигна 11 тројки од 16 обиди, а вкупниот шут му беше 15/24.

Покрај Кари одличен натпревар одигра и Кевин Дурент кој забележа 30 поени (13/18 од игра), осум скока и седум асистенции.

Вашингтон го забележа третиот пораз во четвртиот меч сезонава. Најефикасен во тимот беше Бредли Бил со 23 поени.