Кошарка
3. January 2017 - 9:43

НБА: Батлер застана на 52 поена, а Голден Стејт прв до 30.та победа

Играчот на Чикаго Џими Батлер ја одбележа вечерта во НБА лигата откако на еден од осумте дуели оствари рекордни сезонава за него 52 поена (15/24 шут од игра) и 12 скока, притоа неговата екипа го совлада Шарлот , каде одличен настап имаше Кемби Вокер со 34 поени.
 
Хјустон запиша нова победа, овојпат над Вашингтон, а Џејмс Харден имаше 23 поени, со по 10 скокови и асистенции што беше за него нов „трипл-дабл“. Шампионот Кливленд предводен од Леброн Џејмс (26 поени), го победи Њу Орлеанс, додека Оклахома Сити загуби од Милвоки, каде најдобар беше Јанис Антетокумбо.
 
Финалистот од лани Голден Стејт е првата екипа којха стигна до 30-та победа сезонава.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели: 
Кливленд – Њу Орлеанс 90:82, 
Милвоки – Оклахома Сити 98:94,
Бруклин – Јута 89:101,
Њујорк – Орландо 103:115,
Чикаго – Шарлот 118:111, 
Хјустон – Вашингтон 101:91,
ЛА Клиперс – Феникс 109:98,
Голден Стејт – Денвер 127:119.