Кошарка
21. November 2016 - 11:04

НБА: Батлер во стилот на Џордан

Денвер, Портланд, Чикаго, Сакраменто и Индијана забележаа победи во НБА лигата, во натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ. Индивидуално блеснаа Џими Батлер од Чикаго и Расел Вестбрук од Оклахома кој го забележа петтиот трипл дабл во сезоната.
 
Чикаго Булс славеше над ЛА Лејкерс 118:110, најмногу поради партијата во стилот на Мајкл Џордан, која ја пружи Џими Батлер. Крилниот играч на Булс натпреварот го заврши со 40 поени, седум скока и шест асистенции.
https://