Кошарка
18. March 2019 - 9:52

НБА: 50 поени на Јанис

Филаделфија, во дербито на Истокот, победи во Милвоки 130:125. Спектакл приредија Гркот Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс и Камерунецот Џоел Ембид од Филалделфија. Блескава вечер имаше и Црногорецот од Орландо Меџик Никола Вучевиќ.

Играчите на Филалдлефија успеаја да победата на гостувањето кај најдобриот тим во лигата, Милвоки. Мечот го обележаа првите ѕвезди на двата тима, Адетокумбо и Ембид кои заедно постигнаа 92 поени.

„Грик Фрик“ за Милвоки забележа 52 поени, 16 скока и 7 асистенции, додека Ембид имаше учинок од 40 поени, 15 скока и 6 асистенции.

„Сиксерс“ ја минаа Индијана на табелата и сега се на третото место со скор од 45 победи и 25 порази, додека Милвоки ја држат челната позиција не само на Истокот туку и во лигата со скор од 52 победи и 18 порази.

Орландо Меџик со сигурна игра славеа во дуелот со Атланта Хокс 101:91. Црногорецот Вучевиќ блескаше со монструозен „дабл-дабл“ од 27 поени и 21 скока. Кај Меџик се истакна и Арон Гордон со 22 поени.

Резултати:

Њујорк Никс-ЛА Лејкерс 124:123
Мајами Хит-Шарлот Хорнетс 93:75
Детроит Пистон-Торонто Репторс 110:107
Сакраменто Кингс-Ќикаго Булс 129:102
Хјустон Рокетс-Минесота Тимбервулвс 117:102
ЛА Клиперс-Бруклин Нетс 119:116