-->
-->
НБА: 40 поени на Харден за победа на Хјустон
-->
Џејмс Харден со нов трипл дабл го предводеше Хјустон до триумф над Шарлот. „Брада“ го забележа 11-от трипл дабл во сезоната, петти на последните седум натпревари и му помогна на Хјустон да ја забележи деветтата победа во низа.
Хјустон го совлада Шарлот 121:114, а Харден имаше учинок од 40 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Хјустон влезе во неизвесен финиш иако имаше предност и од 18 поени. Мечот го реши Рајан Андерсон кој постигна тројка на 90 секунди до крајот.Јута го изненади актуелниот првак Кливленд 100:92. Гордон Хејворд го доби дуелот со Леброн Џејмс што беше клучно за триулфот на Јута. Хејворд постигна 28 поени, а Родни Худ 18 поени. Леброн Џејмс со 29 поени беше најефикасниот кај Кливленд.
Милвоки го изненади Сан Антонио со победата 109:107. Сан Антонио го забележа петтиот пораз на домашен терен во тековната сезона, иакјо Кавај Ленард постигна 30 поени. Милвоки го предводеше Мајкл Бизли со 28 поени.
Торнто имаше негатива од 16 поени против Бостон, но Демар Дерозан и друштвото стигнаа до победа 114:106. Дерозан постигна 40 поени, Кајл Лаури уфрли 24, а Јонас Валанчиунас оставри „дабл-дабл“ од 18 поени и 23 скокови.
На другите натпревари: Вашингтон го совлада Чикаго 101:99, Бруклин загуби од Атланта 97:117, Сакраменто го победи Детроит 100:94, Лејкерси загубија од Портланд 87:108, а Голден Стејт триумфираше против Мајами 107:95.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор