Кошарка
2. April 2018 - 9:35

НБА: 35 поени на Јокиќ за победа над Милвоки

Екипата на Денвер забележа значајна победа од 128-125 против Милвоки со што ги зголеми шансите за влез во плеј-офот во НБА лигата.
Мечот беше решен во продолжение а Милвоки испушти предност од цели 18 поени која ја имаше на средината од последната четвртина.
Нагетси предводени од Мареј и Јокиќ успеаваат да направат серија од 15-5 и да се доближат а токму Мареј со три слободни фрлања обезбеди продолжение во кое Денвер се одлепи и дојде до значајна победа.
Јокиќ постигна 35 поени со 13 скока и 5 асистенции додека кај гостите потфрли Адетукомбо кој стигна само до 18 поени додека Паркер беше најефикасен со 35 колку и Јокиќ на спротивната страна.