Кошарка
8. December 2017 - 10:18

НБА: 29 поени на Харден за победа на Хјустон

Во НБА лигата ноќеска се одиграа неколку интересни натпревари во кои Хјустон ја продолжи доминацијата во Западната конкуренција додека Оклахома го нареди 11.пораз.
Хјустон без проблем славеше на гостувањето кај Јута (112-101). Рокетси на одморот заминаа со позитива од пет коша (51:46), но веќе во третата четвртина се искачија на плус 25. Во финилните 12. минути лидерот во Западната конференција имаше комотни 88:66, благодарение на Џејмс Харден и неговите 29 поени.

Оклахома е поразена во Бруклин со 100-95 иако Вестбрук повторно играше фантастично и постигна 31поен.