Кошарка
15. January 2017 - 10:47

НБА: 20-годишниот Букер го „сруши“ С.Антонио

Кошаркарите на Феникс славеа против Сан Антонио со 108-105 во меч што се одигра во Мексико Сити. 

Ѕвезда на вечерта беше 20-годишниот Девин Букер кој постигна 39 поени. 
Интересно е што дедото на Букер е од Мексико и понесен од рекордната посетеност на трибините имаше 12 успешни обиди од 22 шута.