Кошарка
28. January 2018 - 10:02

НБА: 13 поени на Кари за 100 секунди

Кошаркарите на Голден Стејт славеа со 109-105 во дуелот со Бостон од НБА лигата а мечот мина во знакот на ѕвездите на двата тима Стев Кари и Кајл Ирвинг кои заедно постигнаа 86 поени.
Доминираше Кари со 49 поени од кои дури 13 во последните 100 секунди од мечот додека на спротивната страна Кајл Ирвинг го заврши мечот со 37 коша.