НБ: ЕК со највисоки оценки за монетарната политика и Народната банка
Во Извештајот на Европската комисија (ЕК) дадени се позитивни оцени за монетарната политика и Народната банка на Република Македонија. ЕК оценува дека од аспект на монетарната политика, усогласувањето со европското законодавство е во напредна фаза, а се истакнува и дека за време на корона-кризата, централната банка успеа да ја одржи финансиската стабилност, како и да овозможи простор за значителна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Во Извештајот се нагласува и исклучителната важност на независноста на централната банка, информираат од Народната банка (НБ).
-Целосно независна институција, ослободена од мешање од други власти, е од витално значење за остварувањето на улогата на централната банка, како гарант за монетарната и финансиската стабилност, стои во Извештајот, посочуваат од НБ.
Од ЕК, додаваат, оценуваат дека за време на кризата предизвикана од Ковид-19, централната банка успеа да ја одржи финансиската стабилност и да овозможи значителна кредитна поддршка за граѓаните и за компаниите. Се наведува дека Народната банка ја намали основната каматна стапка на историски најниското ниво од 1,25 отсто, со што ја ослободи потребната ликвидност во стопанството заради поттикнување на економската активност. ЕК посочува и дека монетарната политика е соодветна на макроекономските услови, а во Извештајот се истакнува и трендот на раст на кредитната поддршка.
Во Извештајот, прецизираат од НБ, се наведува дека покрај тоа што го поддржува тековното економско закрепнување, монетарната политика внимателно ги следи и зголемените инфлациски притисоци.
Во поглавјето за статистиката, посебна оцена е дадена за статистиката во надлежност на централната банка.
-Европската комисија напоменува дека Народната банка ѝ е целосно посветена на примената на кодексот на статистичките стандарди и дека го подобрува својот капацитет за нивно постојано спроведување во своето работење. Како особено достигнување е издвоен фактот дека во областа на статистиката за финансиските сметки, Народната банка за првпат ги објави годишните податоци за финансиските сметки и редовно ги доставува податоците до Евростат, со подобрена методологија и покривање за одредени финансиски инструменти. Во однос на статистиката за билансот на плаќања и за директните странски инвестиции (СДИ), од ЕК нагласуваат дека Народната банка ја изготвува според најновите стандарди, велат од НБ.
Во Извештајот, ддодаваат, се бележи и дека Законот за платежни услуги и платни системи, чија цел е усогласување на домашното со европското законодавство, влезе во владина процедура, како и тоа дека Народната банка е во напредна фаза на подготовка на подзаконските акти. Исто така, истакнато е дека Народната банка оствари напредок и во спроведувањето техничка анализа и откривањето фалсификувани пари, преку нови методолошки алатки, како и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите