Македонија
11. December 2016 - 8:54

Навреме почна гласањето во Ввечани

Во сите три избирачки места во Општина Вевчани гласањето почна навреме во 7 часот утрово.

Претседателката Општинската изборна комисија Параскева Гогоска – Кукоска инфрмира дека засега гласањето тече добро, но не очекува проблеми ниту во текот на денот.

-        Гласањето почна навреме во сите три избирачки места. Засега е во ред, тече добро. Не очекувам проблеми ниту во текот на денот, изјави Гогоска – Кукоска.

Право на глас имаат 2.044 вевчанци, кои денеска гласаат за избор на пратеници на предвремените Парламентарни избори во 5. Изборна идиница.