Македонија
15. October 2017 - 9:04

Навреме почна гласањето во Кочани и Виница

Гласањето во Кочани на сите 62 избирачки емста почна точно во 7 часот, соопштија од Општинската изборна комиосија. Во избирачкиот список во Кочани се запишани 33 264 граѓани со право на глас.

- На овие локални избори гласачките места во Кочани се намалени за едно .Имено гласачкото место во населеното место Речани е укинато, а гласачите се пренасочени да гласаат во Косртин Дол, изјави Марија Гоцева, претстедател на ОИК на Кочани.

Во општина Виница гласањето почна точно во 7 часот, навреме и без проблеми.

- Во опшштина Виница на 33 избирачки места денес се очекува своето прво на глас да го искористат 17 354 граѓани, изјави претседателот на ОИК Виница Ацо Ѓоргиев.