Навреме отворени сите гласачки места во Крива Паланка и Ранковце
Сите 47 избирачки места во Крива Паланка се отворени навреме, информираат од Општинската изборна комисија Крива Паланка.
- Избирачките комисии навреме го подигнаа гласачкиот материјал и без задоцнување сите изборачки места се отворени во 7 часот, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.
Рече дека вкупниот број пријавени болни и изнемоштени лица (198) го оствариле своето право на глас.
- Од вкупно девет лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор во Општинскиот затвор со отворено одделение во Крива Паланка, вчера гласаа осум, додека еден се изјаснил дека не сака да гласа, додаде Арсовски.
Во општината има вкупно 47 избирачки места на кои 17.144 гласачи можат да го остварат своето избирачко право.
Претседателот на ОИК Ранковце Даниел Крстевски информираше дека сите 17 избирачки места во општината се навреме отворени.
- Во седум часот се отворени сите избирачки места на кои ќе гласаат 3094 граѓани. Вчера од пријавените 65 болни и изнемоштени, во домашни услови гласаа 64 лица, рече Крстевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица