Навреме ќе заврши сместувањето во студенските и средношколските домови, уверува Царовска
Министерката за образование и наука Мила Царовска уверува дека студентите и средношколците навреме ќе бидат сместени во студенските и средношколските домови.
Селекцијата на оние кои ќе бидат сместени во домови и на оние кои ќе добијат финансиска поддршка за приватно сместување, како што изјави министерката, ќе се врши согласно ранг листата.
– Согласно ранг листата, влегуваат првите, а другите одат со дополнителна финансиска поддршка. Годинава, дополнителен критериум ќе биде дали факултетот или училиштето е започнато со комбинирана настава или физичко присуство затоа што има дел од факултетите кои целосно ќе одат со онлајн настава, истакна Царовска, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“.
Царовска очекува во најбрз рок Собранието да ги усвои измените на законите за студенски стандард и за ученички стандард со кои се регулираат новите услови за сместување.
Од Држаавниот студенски дом вчера информираа дека ќе биде отворени студентските и средношколските домови но оти ќе работат по посебни протоколи и ќе има редуциран број станари во собите. Во двокреветна соба ќе може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета, максимум две лица.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите