Тенис
19. May 2016 - 20:37

Навратилова: Ѓоковиќ е фаворит, но не сака да игра против Надал

Легендарната чешка тенисерка Мартина Навратилова смета дека светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ е главен фаворит на претстојниот Гренд слем, Роланд Гарос, но и дека Србинот не би сакал да се сретне со Надал на паток кон трофејот. 
 
- Рафаел Надал е голем предизвик и Ѓоковиќ секако се надева дека нема да се сретне со Шпанецот барен до финалето. Но, иако Ѓоковиќ го нема освоено Ролад Гарос, сепак не би се кладела дека против него. Напротив, тој е главен фаворит, изјави 59-годишната Навратилова која своевремено со освои 19 титули на Гранд слем турнирите. 
 
Чешката ветеранка разбирливо најголеми шанси за победа на Отвореното првенство на Франција и дава на топ фаворитката Серена Вилијамс. 
 
- На оние кои се сомневаат во неа би им порачала да не ја отпишуваат шампионата пред време. Серена не играше многу сезонава, но, на враќањето во Рим покажа дека е во одлична форма и дека е главен фарорит на Роланд Гарос, дополни Навратилова.
 
Главниот дел од турнирот на „Френч опен’’ започнува во недела.