Кошарка
11. јуни 2021 - 10:50

Навивачите во Милвоки скандираа навредливи зборови кон Дурант | ВИДЕО

Навивачите на Милвоки бакс упатија навредливи зборови кон лидерот на Бруклин нетс, Кевин Дурант, ноќеска на мечот број 3 од полуфиналната серија на Источната конференција.

Во арената во Милвоки кон Дурант се скандираше: „Е.. се КД“.

Токму Дурант ги постигна последните 9 поени на Бруклин на натпреварот, но тоа не беше доволно неговиот тим да избегне поразот (83:86).

Дурант средбата ја заврши со 30 поени, 11 скока, 5 асистенции и 4 украдени топки.