Loading Video...
Бизнис
18. јуни 2017 - 16:23

Навивачите од Мадрид и Лондон ќе мора да платат три пати поскапи авиобилети за Суперкупот во Скопје

Авионски билет до Скопје чини колку еднонеделен одмор на Халкидики. Авиокомапниите ги дигнаа цените за периодот од 07 до 09 август, односно за време на одржувањето на Супер купот меѓу гигантите Манчестер и Реал.

Најскапо ќе платат англиските и шпанските навивачи. Повратен биле од Лондон за Скопје сега чини 261 евро,  на 07 август, ден пред натпреварот на Телеком Арената  ќе чини 536 евра.

Од Мадрид до Скопје разликата е помала. Сега поврзувањето меѓу двата града чини 420 евра, а на 07 август ќе чини 560 евра. Сепак, цените ќе растат како се наближува терминот за одигрување на натпреварот, посебно откако ќе заврши продажбата на билетите односно по 04 јули. Веројатно е дека ќе има и вонредни чартери за навивачите на двата клуба, но за нивно закажување се уште  е многу рано.

Скопје заради фудбалскиот спектакл, СКопје сатана луксузна дестинација. Хотелите се речиси нукирани, а ретките слободни соби чинат и до 3000 евра за две ноќевања за двајца со доручек.

За напреварот се очекува Скопје да пречека над 23000 гости, а најголем ќар ќе имаат трговците и угостителите.