Свет
28. јуни 2016 - 10:38

Навистина ли тргнавме кон нов почеток во надворешната политика

„Скапоцената самотија“ на Турција - термин кој го измисли Ибрахим Калин, главниот советник за надворешна политика на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, за да ја сврти во позитивен правец се поголемата меѓународна изолација на Анкара под управа на Партијата на правдата и развојот (АКП), започна сериозно да влијае и врз Владата.

Како што истакна Мурат Јеткин, познат турски аналитичар и главен уредник на англиското издание на турскиот весник “Хуриет Дејли Њуз“, таа скапоцена самотија се претвори во опасна изолација за Турција. Денес Анкара е губитник по речиси сите точки во областа на надворешната политика.

Нејзината политика за Сирија е целосен хаос, а црвените линии што таа ги нацрта во оваа земја за да се попречи напредувањето на Курдите, не се почитуваат. Во меѓувреме, односите на Анкара со Западот во целина остануваат затегнати по редица прашања, вклучително и заради секојдневното влошување на демократските права во Турција.

Врските со ЕУ исто се стрмоглавуваат кон дното. Не само што сме исправени пред историскиската оставка на највисокиот дипломат на ЕУ во Анкара, која следуваше по неговите не сосема дипломатски изјави во однос на ситуацијата во Турција, туку и пред еден Ердоган, кој продолжува да се размавнува со закани кон Европа на свој вербален начин.

Изјавите на новиот премиер Бинали Јулдирим изгледа покажуваат дека Анкара го знае сето тоа и бара можен излез. Уште од денот кога дојде на местото на Ахмет Давутоглу, тој зборува за неопходноста „Турција да го зголеми бројот на пријатели и да го намали бројот на непријатели“.

Тоа ги разбуди очекувањата кај некои искусни аналитичари и пензионирани пратеници, дека се наоѓаме во етапа на преориентирање на надворешната политика. Фактот дека тонот на Ердоган кон Израел, сирискиот претседател Башар ал Асад, египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, е помалку критичен од вообичаено, исто е искористен за засилување на таа гледна точка.

Се разбира, она што Ердоган го кажува е далеку поважно од тоа што го кажува Јилдирим. Во краен случај, Јилдирим беше назначен само за да и угоди на јавноста со своето потчинето однесување, исполнувајќи ги межународните наредби на Ердоган.

Но, Ердоган допрва треба да понуди реални докази, а не само да ја затвора устата пред некои прашања за да покаже дека ние практично сме на прагот на нов почеток во надворешната политика. Тој треба да отстапи по многу прашања за да се случи тоа и би било тешко за него - како политичар кој добива поени на популизмот - да изгледа добро во очите на својот исламски електорат.

Исто така тој треба да го смени својот авторитарен лик за да си добие почит и со тоа и поголемо влијание на Запад, кое сега очигледно му недостасува. Тоа бара да ја применува либералната демократија во Турција, која сега секојдневно тоне.

Или поинаку кажано, Ердган треба да го проголта себељубието во однос на Русија, Сирија и Египет, да преземе поблизок чекор до ЕУ по серија прашања и да ја засили довербата која денес недостасува во односите со САД. Првиот тест ќе биде резултатот од гласно рекламираниот процес на помирување со Израел, што се уште не се случило независно од секојдневните тврдења дека ќе следува многу скоро.

Со други зборови, за да се смени надворешната политика на Турција во името на суштинските интереси на земјата, Ердоган ќе треба да се откаже од својата популистичка персона заснована на Исламот и да излезе како нов човек и демократ. Се на овој свет, се разбира, е можно, но некои нешта помалку од други.

Од таа причина изгледа поздраворазумски да поддржме ладнокрвен, реалистичен чекор кон темата, а не да одгледуваме претпазливо оптимистички чекор, а не да се предадеме на самозалажување. Ако Ердоган во пракса се промени и покрај се, тогаш уште подобро. Никој нема да го жали дека се збунил по тоа прашање.