Свет
25. February 2016 - 15:51

Навални: Ме гаѓаа со торта а нападот е поврзан со Кремљ

Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска изјави дека непознати напаѓачи во Москва му фрлиле две торти во лице, тврдејќи дека тој напад е поврзан со официјален Кремљ.

Навални, еден од поголемите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека нападот пред неговата канцеларија го извршиле „некои шегобијци кои му фрлиле две торти во лице а потоа побегнале“. 

На социјалната мрежа Инстаграм објави слика од своето лице извалкано со шлаг.