Науседа: Подготвени сме за некаква непријателска акција од страна на Русија
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека неговата земја е подготвена за секаков одговор од Русија, откако неговата земја го забрани транзитот на одредени стоки до руската ексклава Калининград преку нејзина територија, пренесе Си-Ен-Ен.
-Подготвени сме за некаква непријателска акција од страна на Русија, за исклучување од системот БРЕЛ или други дејствија, рече Науседа. БРЕЛК( BRELL) е енергетска мрежа што ја споделуваат Русија, Белорусија и балтичките земји.
Науседа додаде дека не верува оти Русија ќе ја ангажира војската против Литванија, бидејќи таа е членка на НАТО. Тој изјави дека со блокирањето на транзитот кон Калининград, Литванија ја спроведе одлуката на ниво на ЕУ.
– Ние само ги применивме санкциите, што беа усвоени на ниво на ЕУ, а тоа нема никаква врска со билатералните односи меѓу Русија и Литванија, рече Науседа.
Тој додаде дека би било добро Европската комисија да им ја објасни содржината на санкциите на руските власти, бидејќи со тоа „ќе се отстранат некои тензии кои се појавуваат сега“ и дека ескалацијата на тензиите не е во корист ниту на Литванија, ниту на Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека Русија размислува за одговор на забраната за транзит. Тој не даде детали за какви мерки размислува Русија и додаде дека нема точна временска рамка за одговорот на Москва на акцијата на Литванија.
Ново на Сител
-
Повреден полицаец | ФОТО
-
Заев – Помпео во Атина: Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години
-
Сарацин во официјална посета на земјава, ќе има средба со Маричиќ
-
Ескалира ситуацијатa на протестот пред Собрание | ВИДЕО
-
Помор на риби во Раец - испуштена непозната течност од возило во реката
-
Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Тирана сама да го продолжи патот
-
Мишел: Ако има одлука што нема да биде „да“ ќе чекаме уште многу долго за нов предлог
-
Сообраќајка во Кисела Вода