Наумоски и во наредните две години ќе биде Претседател на МКФ | Сител Телевизија
Loading Video...
Кошарка
11. February 2018 - 15:21

Наумоски и во наредните две години ќе биде Претседател на МКФ

И во наредните две години, Петар Наумоски ќе биде претседател на Македонската кошаркарска федерација. 

Ова е епилогот од денешното Вонредно собрание на федерацијата

Со 16 гласа за и 14 против делегатите на Собранието на македонската кошаркарска федерација, ја потврдија довербата на првиот човек на мак-баскетот Петар Наумоски.

Иако изминатиот период сите го „прежалија“ популарниот Пеце, сепак шпакулациите за промени  во МКФ кои беа присутни во кошаркарските кулоари се потврдија како неточни. 

Наумоски не само што не беше сменет од претседателската функција за која најсериозен кандидат беше неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата Владо Илиевски, туку напротив, и во наредните две години ќе биде на чело на федерацијата. 

За разлика од Наумоски, поразениот Илиевски по завршувањето на гласањето ги избегна новинарите.

Останува на Наумоски и неговиот тим во федерацијата, да ја продолжат својата програма, пред се за развој на младите категории кои во иднина треба да бидат носители на товарот во сениорска конкуренција, а воедно и задачата за расчистување на сите аномалии кои со години, а можеби и децении се провлекуваат во мак-баскетот, особено со негрижата за домашните кошаркари пред се во прволигашките клубови.