Македонија
19. September 2019 - 16:53

Наум Стоилковски: Обвинителството прави фарса од случајот со Рашковски

„Leonardo will win“. Ова го вели Драги Рашковски, генерален секретар на влада, којшто јасен и гласен е на снимката објавена во домашните и странските медиуми и вели: „Leonardo will win“ односно Леонардо ќе победи. Ова е апла местење кој треба да добие тендерот, јасно е дека Рашковски преговарал задолжен од Зоран Заев кој што стои зад нарачката на скандалозниот тендер.

И по три месеци директни повикувања оттука и од јавноста да се расчисти случајот, Рускоска  обвинителството вчера праќа содржински празно соопштение дека е почната постапка, внимавајте „по реакциите во јавноста”! По три месеци безмалку секој ден прашања до каде е случајот Леонардо, се вади соопштение за правната фарса бидејќи:

  1. Рашковски уште не е приведен, не е ни притворен,
  2. Уште е генерален секретар на влада,
  3. Има надпозиција да влијае врз сведоци и докази,
  4. За скандал кој што е меѓународен,
  5. Му се остава простор тој да се заканува и гони медиум,новинари и опозициски функционери.
  6. Нема резултат ниту за тоа кој му дал наредба да го мести тендерот?

Притоа, и Комисијата за борба со корупцијата по наведено сопствено барање прифаќа да го влече предметот, сега допрва и Државната ревизија ја вметнува да  истражувала за МНАВ. И така да мине времето, се да се  забошоти,  да се заборави случајот.За потсетување, договори како овој на Рашковски се можност за повторување на инциденти, како оној кога два авиона на  интернационални лета ќе се судреле на македонското небо минатиот септември.

Фарсата од соопштение на Рускоска обвинителството е за случај, да потсетам:

-Според информациите во медиумите Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со воздушен простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, тоа е спротивно на заклучок на влада, како и спротивно на одредени законски решенија, за кои како што вели во снимките треба да бидат сменети.Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кој му се заканува затворска казна од најмалку 5 години.И тоа стои во место.

Па наместо фарсата од соопштение, Рускоска обвинителството требаше да има одговори:

1.Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?

2.Како и дали Рашковски го повлекол заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ укажува дека е спорен?

3.Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требало да се смени за да можат да го доделат тендерот на договорената фирма?

4.Што вели наодот од Бирото за судски вештачења кој што се крие од компаниите учеснички на тендерот?

  1. Зошто и до кога Рашковски ќе биде во позиција со простор да го повтори делото и да влијае врз сведоци и докази? Тоа требаше да биде во писанието испратено од Рускоска обвинителството.

Фарсата од соопштение на Рускоска Обвинителството и водењето на истрагата за Леонардо се доказ за постоење на Октопод, за можно криминално здружување на власта и сиот правнообвинителски систем, за уцени, рекет и неказнивост за криминал и висока корупција. Со ваква власт, Македонија само повеќе и повеќе ќе  тоне. Доста е!Потребни се избори веднаш!

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ