Наум Стоилковски: Не поминува обидот за дискредитација кон ВМРО-ДПМНЕ
Ова зад мене е центарот за креирање на лагите со кои Македонија е доведена до амбис. Ова е центарот од каде се колнеа во националните интереси, се колнеа во 500 евра, се колнеа во чист воздух. Веројатно се колнеле и за 300 пилоти.
Ова е центарот каде се брише „Едно евро за Вицето“, се брише „На Мирчо Бишкарникот“, се направи обид да се сокрие Рекет и се туркаше Катица Јанева да продолжи со бизнисот како главен Републички Обвинител! И ве убедуваа дека тоа не е така!
Соочени со избори, соочени со гневот на граѓаните, бесрамно пласираат лажни вести и вршат притисок врз медиумите за да им ја одиграат гнасната политичка манипулација со јавноста. Смислија тело за пласирање на лажни вести и стратегија за бришење на вистината! И сега треба да веруваме дека Катица е самохрана мајка, и дека не е дома по нарачка на Заев кој го отвори судството како пупка!?
Почитувани, омаловажувањето на граѓаните со лажните вести не им поминува. Не поминува обидот за дискредитација кон ВМРО-ДПМНЕ. Оттука го повикувам Зоран Заев јасно и недвосмислено да каже дали се согласува со Резолуцијата со која од него се бара откажување од македонскиот јазик, од македонското малцинство и од Гоце Делчев, произлезена како последица на Договорот?
Македонскиот народ, граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, никогаш, ама никогаш нема да биде прифатливо негирањето на посебноста на македонскиот јазик, како и откажувањето од ликот и делото на Гоце Делчев.
Сето она кое што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, во никој случај не е прифаќање и одобрување на штетните политики и дипломатија на штета на националните интереси кои што ги води власта во заминување.
Изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци
-
Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци