Наум Стоилковски: Министерството за одбрана додели тендер на компанија блиска до Анѓушев
Уште не оладено столчето на екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев, компанија блиска до него заработува тендер од 1 милион и 600 илјади евра од министерството водено од Радмила Шекеринска.
На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев и официјално да замине од Владата, Шекеринска склучува договор за јавна набавка со ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС, односно ЕДС кое е во врска со Кочо Анѓушев. Шекеринска ја одбрала фирмата меѓу 4 понуди, како се наведува заради најниската понудена цена.
Симптоматично е како и зошто во очи на официјална изборна кампања Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев?
Ова не е прв пат компанија блиска до Анѓушев да добива владини договори со потпис на Шекеринска. Шекеринска се споменува и при договорот за државно земјиште за хидроцентрала со компанијата Тополки, каде Анѓушев и неговиот брат беа во сопственичка раководна структура. Анѓушев тогаш „се изземал“ при носењето на одлуката.
Почитувани, ваквите бомбона бизниси мора и треба да бидат преиспитани. Бараме институциите задолжени за справување со судир на интереси и спречување на корупцијата да се одважат и започнат постапка по допрен глас.
Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот