Наум Стоилковски: Дончев и Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција
Ден Дончев од позиција на Директор на ФЗОМ и Венко Филипче од позиција Министер за здравство, во владата на Република Македонија манипулирале странски инвеститор за да спречат влез на светски здравствен гигант во земјата, со единствена лукративна цел. Се споменуваат месечни транши, се споменува благајник со брада во струмичко, постои и кривична пријава за тоа, ама што се однесува до државата – нема ништо. Случајот „Рекет 2“ одекнува во јавноста, но Дончев и Филипче се уште се функционери под заштита на Зоран Заев.
Во интервју за медиумите, Вера Иванова, сопственичката на „Диамед“, фирмата жртва во случајот „Рекет 2“, посочува дека има докази за „Рекет 2“, има докази кои што експлицитно укажуваат дека Ден Дончев и Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија. Ама кредибилна истрагата за тоа нема, се влече, двајцата се уште се на функции. Бизнисмен од Македонија вели дека Ден Дончев со помош на Венко Филипче, за своја корист злоупотребувајќи ги позиции, ја злоупотребиле државата и спречувале координирано влез на странски капитал во државата,ама државата молчи.
Дончев децидно не негираше дека контактирал со Зоран Милевски- Кичеец, децидно не негираше дека преку него се обидувал да ја спречи купопродажбата на домашна компанија и притоа компанијата да биде преземена, продадена на инвеститор по избор на Дончев и Филипче. Подносителот на кривичната пријава вели дека има докази дека Дончев и Кичеев одлично се познаваат, а истрагата треба да одговори дали преку Кичеец, Дончев сакал да наметне кому да биде продадена компанијата? Но,сепак за ова молк.
Ако ова не е доволно за Рускоска за случајот „Рекет2“ да побара Дончев и Филипче да бидат тргнати од позициите и да бидат притворени за да може да се спроведе истрага по поднесена кривична пријава, тогаш прашање е што треба да се случи за да Рускоска- обвинителството поведе било каков случај против висока корупција. Дончев и Филипче спречуваат продажба на македонска приватна компанија, сакаат да имаат удел во продажбата, можеби сакаат да ја преземат компанијата, се споменуваат месечни транши рекет до благајник со брада во струмичко, и никому ништо?
Кривична пријава е поднесена, а двајцата се уште се на функции, со можност да влијаат на сведоци и на документи, но и со огромна можност и натаму да течат „Рекет“ и можност нивна жртва да биде друга компанија која што би морала да исплаќа месечни транши кај благајник со брада или пак да се спречи продажба и влез на странски инвеститор заради лукративни пориви на Ден Дончев и на Венко Филипче. Според кривичната пријава била злоупотребена и УФР и била најавена истрага скоро цела година пред истрага и да се случи.
Сега капиталот од трговијата е замрзнат, иако и по година дена од истрагата нема никаков докажан криминал. Ова е класичен пример за притисок врз домашниот бизнис и одличен пример за бизнис амбиентот во Република Македонија и пример зошто министер не знае да наброи ниту една странска инвестиција во Република Македонија.
Според поднесената кривична пријава, а и признанието на Ден Дончев пред јавноста, странски инвеститор здравствен гигант, добивал лажни изјави од директор на ФЗОМ и од министер кои што го манипулирале инвеститорот. Внимавајте директор на ФЗОМ и министер со тоа работат спротивно на интересите на пациентите воопшто на граѓаните на Република Македонија, а ниту власта, ниту обвинителството не се поместуваат ниту пак ги бараат да бидат овие двајца тргнати од своите позиции.
Ова е срамно, ова е уште еден случај кој што излегува од границите на Република Македонија, уште еден скандал за којшто се појавуваме во медиумите во странство. Се работи за странски инвеститор чиишто проверки пред да инвестираат се детални и велат дали има некаква поврзаност со криминал, а тоа не е потврдено. Ова е уште еден случај каде повторно се вмешани амбасадори, дипломатски кор, МНР, Зоран Заев, ама нема истрага која што ќе внесе чувство на доверба кај граѓаните во правосудниот систем и ги потврдува сомнежите за рускоска- обвинителството.
И се додека Зоран Заев е премиер, а Рускоска и Јовески се на врвот на обвинителството- борба со високата корупција ќе нема и Македонија ќе тоне во криминал.
Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет
-
На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин