-->
-->
Наум Петрески ќе стане дедо: Младата пејачка Анастасија е бремена
-->
Ќерката на македонскиот пејач, Наум Петрески, Анастасија Петреска на почетокот на годината му кажа „да“ на својот избраник Владимир Поповски, пејач на групата „Биоритам“.
По свршувачката, естрадниот пар не направи свадба. Меѓутоа, имаат голема причина за радување, а тоа е приновата во семејството.
Имено, Анастасија е бремена и во март следната година ќе стане мајка. Оваа вест за „Женски магазин“ ја потврди идниот дедо, односно пејачот Наум.
-Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато, изјави Петрески.
Анастасија и Владимир нема да прават голема и гламурозна свадба. По раѓањето на бебето ќе направат приватна забава, а поканите ќе бидат за најблиските.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228