-->
-->
Научник со апокалиптични прогнози: Ситуацијата е алармантна, сите земји во светот влегоа во црвено
-->
Научниците веќе со години предупредуваат како Земјата се загрева и како се повеќе се зголемува температурата која влијае на климатските промени и на нашите животи, но колку пати и да ги повторат тие научни факти, толку пати некако одмавнуваме со рака и велиме дека летата секогаш биле жешки, а зимите ладни.
Вистина, така е, но податоците покажуваат како во изминатите 150 години температурата ширум светот пораснала барем за половина, во просек за еден целзиусов степен.
Липонен, истражувач од финскиот Метеролошки институт собра мерења од просечните температури ширум светот и направи визуализација која од една страна е интересна да се погледне, но од друга покажува застрашувачки податоци. Земјата станува се потопла. Липонен во својата визуализација опфати податоци од 191 земја и покажа колку температурите во тие земји се промениле во однос на просечната температура која НАСА тоа го забележала измеѓу 1951. и 1980 година.
На почетокот на визуализацијата сите земји се означени со сини кругови (температурата ниска од просекот), но како времето поминува тие кругови стануваат црвени и големи. Најголема промена е забележана во овој век кога круговите на екранот се црвени и големи.
Липонен предупрдува дека растот на температурата од 2 степени целзиусови е доволен да влијае на климата и климатските промени. Некои земји таа температура веќе ја достигнале.
- Без оглед на тоа како ова го гледате, промените изгледаат застражувачки, предупредува Липонен на Твитер, преставувајќи го видеото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци