Живот
8. December 2018 - 15:04

Научник од НАСА потврдува: "Вонземјаните се многу мали, не би ги забележале доколку тие се на Земјата"

Додека трагите од вонземјанскиот живот се бараат во вселената, НАСА вели дека вонземјаните можеби веќе ја посетиле Земјата, но не сме ги забележале бидејќи тие се "неверојатно мали".
 
Научникот од НАСА, д-р Силвано П. Коломбано порачува дека вонземјаните изгледаат поинаку од луѓето или било кои други форми кои нам нѝ се познати, како и дека имаат технологија која не можеме ни да ја замислиме. Коломбано вели дека тие имаат способност за меѓуѕвездено вселенско патување. 
 
Таа изјава доаѓа откако НАСА започна да го скенира универзумот за цивилизации како дел од својот програм во потрага по вонземјанска интелигенција.
 
"Едноставно сакам да го истакнам фактот дека, ако успееме да ги пронајдеме или тие нас, можеби не ја поседуваат истата структура како и луѓето", изјавил Коломбано.
 
Силвано смета дека и денес научниците се премногу фокусирани на тоа да пронајдат знаци на модерна технологија на другите планети, што значи дека би можеле да не ги забележат сигналите на цивилизациите кои се многу постари од Земјата.
 
Научникот исто така додал и дека не секое забележување на НЛО може да се објасни или потврди. Коломбано ги повикал физичарите да учествуваат во шпекулациите, базирани на нашите најтврди теории, но истовремено да бидат подготвени да ги прошират перцепциите за природата на просторот и времето и да го разгледаат феноменот на НЛО кој е вреден за учење.