Научниците го пронајдоа „идеалното место“ за колонизација на Месецот
Научниците веќе подолго време претпоставуваат дека вдлабнатините на Месечината, направени од ерупциите лава, најверојатно се погодни и сигурни места за живот.
Истражување објавено во списанието „Џиофизикал Рисрч Летерс“ укажува дека неколкуте откриени тунели близу групата вулкани Мариус Хилс можат да се искористат за научно испитување на структурата на Месечината, но и како потенцијален дом за луѓето.
Јапонската воздушно-вселенска истражувачка агенција (JAXA) ги темели овие сознанија според анализа на податоци од леталото Селен. Освен што ги откриле тунелите, јапонските научници утврдиле и колку се тие длабоки и широки.
- Без сомнеж, овие дупки би биле совршени за колонистите. Во подземните тунели, луѓето би биле заштитени од штетните сончеви зраци, температурните промени... Бидејќи Месечината нема атмосфера, овие „скривалишта“ се идеални, пишува порталот „Гизмодо“
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи