Свет
6. January 2018 - 10:22

Научници: Од 1950 година досега мртвите зони во океаните зголемени за четирипати

Мртвите зони во океаните се зголемени за четирипати од 1950 година, предупредуваат научници. Истовремено, бројот на подрачја со исклучително ниско ниво на крајбрежен кислород е зголемен за десет пати.

Според Гардијан, морските животни во тие зони не можат да преживеат и тоа може да предизвика катастрофални последици за стотици милиони луѓе кои зависат од морето.

Главната причина за губењето на нивото на кислород во морињата се климатските промени. Се потоплата планета ги загрева океаните, а потоплата вода содржи помалку кислород.

Освен тоа, мртвите зони во крајбрежјето настануваат и поради ѓубре и  отпадни води кои од копно завршуваат во море.

Дениз Брајтбург од истражувачкиот центар Смитсонијан вели дека масовните изумирања во историјата на нашата планета биле поврзани со потопла клима и дефицит на кислород во морињата.