Живот
15. January 2019 - 22:10

Научничка ја растргна крокодил: Ѕверот не го спречи ниту ѕидот висок 2,5 метри жива да ја изеде!

Научничката Дејзи Туво (44) во Индонезија ја зграпчи и ја изеде крокодил, пренесуваат медиумите.

Дејзи била одвлечена од крокодилот во ограден простор за водоземци откако скокнал бетонски ѕид висок 2,4 метри. Научничката крокодилот ја зграбил и ја изел жива. Таа настрадала при хранење на крокодилот.

Крокодилот, долг 5 метри, истражувачите го држеле во лабораторијата „ЦВ Јосики“ на индонезискиот остров Сулавеси.

Исплашениот персонал ја пронашол Дејзи Туво во вилицата на крокодилот и со тешки маки едвај успеале да го ослободат остатоците од нејзиното тело.

Полицијата изјави дека го бара сопственикот на крокодилот, јапонски претприемач, кој го основал истражувачкиот објект.