Македонија
18. November 2015 - 8:23

Научна конференција за кризен менаџмент

Центарот за управување со кризи  во соработка Американската амбасада и  Универзитетот “Џонс Хопкинс“  од САД, денеска во Скопје организира меѓународна научна конференција на тема „Кризен менаџмент: Предизвици и перспективи“.

Целта на конференцијата е да ги собере на едно место научните работници и експерти од Република Македонија и од странство, заради размена на мислења и перспективи за најважните прашања поврзани со кризниот менаџмент, остварени преку интердисциплинарен пристап и дијалог помеѓу различните дисциплини и школи на мислење. 

На конференцијата обраќање ќе имаат директорката на ЦУК Сузана Салиу, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, министрите за здравство и за внатрешни работи, Никола Тодоров и Оливер Спасовски и американскиот амбасадор Џес Бејли.