Македонија
24. July 2015 - 8:45

Научна конференција на МАНУ и БАН

Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките денеска во Битола организираат научна конференција „Ослободителните борби на Македонија од источната криза до балканските војни“. 

Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат претседателите на двете академии Владо Камбовски и Стефан Воденичаров.

Според агендата на конференцијата свои излагања ќе имаат повеќе академици од двете земји и тоа: Блаже Ристовски, Константин Косев, проф. Владо Поповски, Светлозар Елдров, проф. Катерина Тодоровска и доцент Исамедин Азизи, Тодор Петров, доцент Зорка Прванова, Ванчо Ѓорѓиев, Далибор Јовановски, Валентина Миронска-Христовска, и доцентите Александар Јорданов и Александар Гребенаров. 

Во сабота учесниците на конференцијата ќе го посетат Крушево.