Македонија
13. December 2018 - 9:16

Научна дебата „Политиката и религијата“

Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет-Скопје денеска на Православниот богословски факултет организираат научна дебата на тема „Политиката и религијата“.

Поздравни обраќања ќе имаат ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, деканот на Православниот богословски факултетпроф Ѓоко Ѓоргиевски и претседателот на Македонското политолошко друштво, Марјан Ѓуровски.

Воведничари на научната дебата ќе бидат митрополитот европски г. Пимен, проф. д-р Цане Мојаноски од Факултетот за безбедност, проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, продекан на Богословскиот факултет-Скопје.

-Македонија е уставно декларирана како секуларна  држава, но во исто време пет верски заедници и цркви се нотирани како институции, кои на еден или друг начин, се поврзани со историскиот контекст на државата. Во Македонија честопати во пракса во голем дел од настаните и процесите лесно може да се препознае блиската врска на религијата и политиката. Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси, се наведува во најавата за дебатата.