Македонија
17. September 2021 - 8:11

Натпросечно топло со мала до умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина над 70 км /час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.