Спорт плус
1. August 2021 - 8:55

Натпреварувачите на Бравадос најсупешни на четвртиот „Јулски коњички турнир“

На хиподромот во Волково викендов се одржа четвртиот „Јулскиот коњички турнир“ и 5. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. Најуспешни беа натпреварувачите на клубот Бравадос.

Резултати по категории:

Класа А – висина на пречки 1,20-1,30 метри:
1. место Зоран Јовановиќ со грлото Страординарија од КК Бравадос
2. Самир Реџепи со грлото Коку од КК Бравадос
3. Зоран Јовановиќ со грлото Колпо Гросо од КК Бравадос

Класа Б – висина на пречки 1,10 со бараж 1,20:
1. Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК Процес
2. Леонида Гроздановска со грлото Силвано од КК Анималс
3. Место Петар Милошевски со грлото Бравадос од КК Бравадос

Класа Ц – висина на пречки 1,00 со бараж 1,10 м.:
1. Ева Димитриевска со грлото Ерос од КК Бравадос
2. Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК Процес
3. Зоран Јовановиќ со грлото Маестро од КК Бравадос

Класа Д – висина на пречки 0,95-1,00м:
1. Петар Милошевски со грлото Колд Плеј од КК Бравадос
2. Самир Реџепи со грлото Паули од КК Анималс
3. Лина Спировска со грлото Визир од КК Бравадос

Следното финално 6.коло од Државното првенство за 2021 година е на 10 октомври во организација на ККС Илинден на хиподромот во Маџари.

Предходно на 11 септември ќе се одржи 3. коло од Лига првенството и на 25 септември е четвртото, финално коло од Лига првенството.